Епидемиологија е наука за факторите кои влијаат врз здравјето и болестите кај населението и претставува основа и логика на интервенциите кои се вршат во интерес на јавното здравје и превентивната медицина.

 

 
Основна цел на работата на епидемиолошката служба е превенција и спречување на заразните и незаразните заболувања. За таа цел се собираат податоци за движењето на заразните заболувања од пријавите за поедини заболувања или епидемии, кои пристигнуваат од ординациите за примарна здравствена заштита, болниците и лабораториите. Покрај тоа се врши епидемиолошки надзор на лицата кои се во контакт со заболени од одредени заразни заболувања, како и на лица кои патуваат или допатувале од ендемски или епидемиски подрачја. Надзорот  опфаќа мерки на превенција, вклучувајќи го епидемиолошкото извидување, одредување на противепидемиски мерки и превентивна вакцинација и хемиопрофилакса.
 
       Во составот на службата за Епидемиологија има два оддели:
 
  •  оддел за епидемиологија
  •  оддел за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
 
Службата за епидемиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола има свои единици во Кичево, Ресен и Демир Хисар.
 
       
Службата за епидемиологија ги обавува следните дејности:
 
1.        спречува и сузбива заразни заболувања;
2.        следи бацилоносителство на заболени  и сомнителни од одредени заразни заболувања;
3.        спречува внесување и ширење на тропски, карантински и паразитарни заболувања;
4.        врши контрола на задолжителна имунизација;
5.        спроведува имунизација по епидемиолошки индикации;
6.        доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА;
7.        врши здравствено воспитување.
8.        врши контрола и спречување на интрахоспитални инфекции;
9.        контрола и пријавување на акутна флакцидна парализа;