УСЛУГИ
 
  •  вакцинација;
  •  издавање сертификат за дадени вакцини за патување во странство;
  •  тестирање за ХИВ/СИДА;
  •  дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
 
ЕДУКАТИВНА ДЕЈНОСТ
 
– учество на домашни и меѓународни стручни манифестации (конгреси, семинари и работилници);
– се спроведува едукативна дејност на лекари стажанти и медицински сестри (задолжителен приправнички стаж).
 
1. СПРЕЧУВАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА ЗАРАЗНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА
 
  • Се врши следење и проучување на заразните заболувања кои се регистрираат во Регионот врз основа на индивидуалните пријави за заразни заболувања;
  • Се врши епидемиолошко извидување и епидемиолошка анкета кај пријавените заразни заболувања при нивно спорадично или епидемиско јавување;
  • Се изготвуваат информации анализи и извештаи за заразните заболувања:
  • седмодневни извештаи за грип;
  • месечни билтени; (кога ќе се кликне овде треба да се покажат податоци кои ние ќе ги внесиме)
  • шестмесечни и годишен извештај и анализа за движењето на заразните заболувања во Регионот;
  • Се предлагаат и превземаат мерки за спречување на појавата и ширењето на заразните заболувања како и на епидемии.
 
Движење на заразните заболувања во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар ( кога ќе се влези овде треба да се појават сите заразни заболувања од шифрарникот како и внесени податоци за бројот на заразни заболувања по години за дадените општини од Регионот)
Епидемии во Регионот ( кога ќе се влези овде треба да се прикажат внесените епидемии).
 
2. СЛЕДЕЊЕ НА БАЦИЛОНОСИТЕЛСТВО НА ЗАБОЛЕНИ И СОМНИТЕЛНИ ОД ОДРЕДЕНИ  ЗАРАЗНИ  ЗАБОЛУВАЊА
 
  • Се врши епидемиолошка контрола и надзор на најважни епидемиолошки ризични места и објекти: детски градинки, јасли, основни и средни училишта, средношколски и студентски домови, домови за стари лица и пензионери, објекти за исхрана;
  • Се водат регистри на клицоносителите.
 
3. СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ НА ТРОПСКИ, КАРАНТИНСКИ И ПАРАЗИТАРНИ ЗАБОЛУВАЊА
 
  • Се врши епидемиолошки преглед и надзор над контактите од прв ред на сите патници и повратници од странство после пријава од граничната санитарна инспекција;
  • Предлага и спроведува противепидемиски мерки.
 
4. КОНТРОЛА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИМУНИЗАЦИЈА
 
  • Се врши планирање, организирање, контрола и евалуација на со Закон и Правилник препишани задолжителни вакцинации согласно календарот на имунизацијата;
  • Се пратат и евидентираат евентуални несакани појави и поствакцинални комликации.
 
5. СПРОВЕДУВАЊЕ ИМУНИЗАЦИЈА ПО ЕПИДЕМИОЛОШКИ ИНДИКАЦИИ
 
 
6. ДОВЕРЛИВО СОВЕТУВАЊЕ И ТЕСТИРАЊЕ ЗА ХИВ/СИДА
 
Во службата за епидемиологија при Центар за јавно здравје – Битола работи Советувалиште за ХИВ/СИДА каде се врши доброволно и доверливо советување и тестирање  на сите лица кои сакаат да ја проверат  својата здравствена состојба за ХИВ/СИДА. Советувањето го изведуваат стручни лица кои даваат совети пред тестирање и после тестирање.
Интересот на лицата за доброволно и доверливо тестирање од година во година е се поголем. Причината за тестирањето е најчесто сомнителен сексуален контакт, нова врска, интравенско користење на дроги и др.
Советувањата се доверливи, анонимни и бесплатни.
 
Лицата кои сакаат анонимно да бидат тестирани можат да добијат информации на телефон 047 208 116 или во соба бр. 32 во Центар за јавно здравје – Битола.
 
 
7. ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТУВАЊЕ
 
  • Се одржуваат предавања за заразните заболувања во училиштата, високите школи и факултетите;
  • Се информира јавноста за појавата и движењето на заразните заболувања преку медиумите (радио, телевизија и дневни и неделни часописи).
 
 
ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА
 
Одделот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација спроведува превентивни и противепидемиски постапки на ДДД во Регионот на ЦЈЗ-Битола;
-Врши планирање, контрола и надзор над изведувањето на ДДД активностите;
-Издава сертификат за извршената ДДД услуга.