Последната  декада ја одбележаа глобални климатски промени кои за последица имаа промени во однесувањето и распространетоста на разни носители на вируси, паразити, бактерии  и други причинители на заболувања како вектори на трансмисивните болести. Широко е прифатено дека климатските промени влијаат на ширењето на инфективни болести во Европа, што ќе предизвика соочување со нови ризици и неспецифични заболувања за регионот, како предизвик за јавното здравје. Векторите на овие заболувања (глодари, комарци, песочни муви, крлежи и сл), се високо остеливи на климатските влијанија, вклучувајки температура и влажност, па ќе настојуваат да ја променат својата геогравска дистрибуција, инфестирајки региони во кои предходно не се појавиле.

Вектор-преносливите заболувања претставуваат глобална закана по здравјето на луѓето во регионот и пошироко. Овие болести кои се пренесуваат преку вектори, заедно сочинуваат околу 17% од проценетиот глобален товар од заразни заболувања во светот, а секоја година преку 500.000 смртни случаи се регистрирани како последица од нив.

1_rZba53h9hHbJGbpbFwZdxw

 

Во услови на глобално затоплување и појава на вируси предизвикувачи на појава на тропски и суптропски заболувања, неспецифични во овие региони кои ги пренесуваат комарци и други вектори на пренесување, неопходно  е  ставање под контролa на истите.

Социјалните, демографските и еколошките фактори ги променија патогените модели на пренос што резултира со интензивирање, географско ширење, повторно појавување или продолжување на сезоните на пренос. Непланската урбанизација, недостатокот на сигурно водоснабдување и несоодветното управување со цврст отпад може да предизвикаат да големи популации во градовите се под ризик од ширење на овие болести.

 

Зошто потреба од спроведување на профилактичка превентивна дезинсекција

Во услови на глобално затоплување и појава на вируси предизвикувачи на појава на тропски и суптропски заболувања, неспецифични во овие региони кои ги пренесуваат комарци и други вектори на пренесување, неопходно  е  ставање под контролa на истите.

Територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје Битола е некогашно ендемско подрачје на Маларијата, богато со вегетација, водени ресурси (повремени и стални), стоечки води (бари, канали, акомулации и сл), во кои се одвива првиот стадиум од животниот циклус на комарците и кои се идеални места за нивни развој. Секоја година во Р.Македонија се регистрираат по неколку импортирани случаи на маларија.

Со цел успешно справување со комарците и останатите вектори, пренесувачи на заразни болести неопходно е рационално, долгорочно и навремено преземање на мерки за темелно проучување  на екологијата и дистрибуцијата на векторските организми, како и ставање под контрола на истите, а со цел заштита на здравјето на населението, спречување на ширење на болести кои ги пренесуваат вектори како и чистата и здрава еколошка средина.

westerngulfcenter_finallogo

Во таа насока Центарот за јавно здравје во Битола, во чија ингеренција спаѓа и   контролата на појавата и ширењето на заразнире болести, поаѓајки од  законските обврски, препораки и решенија на Министерството за здравство на РМ, и обврските од Законот за заштита на населението од заразни болести, во соработка со локалните самоуправи ги спроведува  следниве активности:

  • Подигнување на свеста на населението преку медиумите.
  • Теренска проценка на околината во тек на цела година.
  • Мапирање на сите стоечки води, бари , мочуришта. (Неопходно е локалната самоуправа да изготви евидентирање и мапирање на сите стоечки води, бари на територијата која ја покрива).
  • Спроведување на ларвицидна дезинсекција – оваа дезинсекција се одвива на бари, канали, поплавени ливади, застојни води, акомулации, шахти, септички јами, влажни подруми итн. Оваа метода дава одлични резултати за уништување на ларвите од комарци.
  • Спроведување на адултицидна теристичка (од земја) дезинсекција во неколку фази (јуни, јули, август) – се изведува во доцни вечерни и рани утрински часови (кога се најактивни комарците), кога нема ветер и дожд, на температура идеална од 20 С степени. Се врши на површини богати со густа вегетација, по речни текови, населени места итн.
  • Комбинација од ларвицидна и адултицидна дезинсекција е единствено позната и научно потврдена превентивна мерка за уништување на комарците и ставање под контрола на болестите кои ги пренесуваат. Се спроведува од рана пролет до касна есен со одредена динамика од институции повикани за оваа проблематика.

Епидемиологија на вектор-преносливите заболувања во Македонија и регионот

Епидемиологија и клиничка слика на заболени од Маларија во периодот 2007-2018 година:

Речиси 3,2 милијарди луѓе се во ризик од маларија. Минатата година, 214 милиони нови случаи на болеста се пријавени во 95 земји, а повеќе од 400.000 луѓе умреле од маларија. Во пораст е резистентноста на комарците кон инсектицидите кои се користат во мрежите и при прскањата. Исто така расте и резистентноста на паразитот.

Malarija

Во текот на месец јануари 2017 год. регистрирани се 3 случаи на импортирана маларија. Согласно податоците од епидемиолошките анкети, сите заболени престојувале во Африка, каде што најверојатно го стекнале заболувањето. Во два случаи се работи за македонски државјани од Скопје кои престојувале во Гана. Пациентите беа хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни и тропски болести при Клиничкиот Центар во Белград. Кај двајцата е дијагностицирана маларија предизвикана од Plasmodium falciparum. Третиот случај е македонски државјанин од Тетово кој престојувал 15 месеци во Централна Африканска Република. Пациентот во тешка здравствена состојба бил хоспитализиран на Одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, кадешто по добиениот интензивен третман починал, четири часа по приемот. Кај заболениот била дијагностицирана тешка форма на маларија предизвикана од Plasmodium falciparum.

За периодот од 2007-2018 година, пријавен е вкупно 27 случај на импортирана маларија. Во овој десетгодишен период, регистрирани се четири смртни случаи, по еден во 2009, 2014, 2016 и 2017 година.

Епидемиологија и клиничка слика на Треската од Западен Нил (WNV)2011–2018 година:

Болеста ја предизвикува вирус кој се појавува во повеке наврати со неколку епидемии во Медитеранскиот регион, Грција, Албанија, Косово, Хрватска и Источна Европа. Болеста се шири преку каснување од инфицирани комарци, кои вирусот го примиле хранејки се со крв на заразени птици кај кои вирусот опстојува. Ширењето на болеста во регионот е комбинација на променети климатски услови (зголемување на амбиенталната температура и топли и влажни зими), изобилство на вектори-комарци и присуство на вирусот во птиците-преселници. Болеста кај луѓето предизвикува таканаречена Западно Нилска треска, проследена со високи температури, но и Енцефалитис (воспаление на мозочните обвивки) како тешка форма на болеста со смртен исход.

Првиот случај во РМ е регистриран во 2011год. Во текот на 2012 год. во Република Македонија регистрирани се и лабораториски потврдени 7 случаи на инфицирани со вирусот на Вест Нил, од кои три лица завршиле со смртен исход (еден од Општина Битола).

Од 2011год. до денес во Република Македонија  пријавени се вкупно 22 заболени и 3 смртни случаи.

Во соседните земји и регионот, во 2017 год. заклучно со 11 месец регистрирани се вкупно 54 заболени и 3 смртни случаи од кои 49 заболени и 2 смртни случаи во Србија и 5 заболени и 1 смртен случај во Турција.

Епидемиологија и клиничка слика на Лајшманиоза(2007-2018)година:

Паразитарна инфекција која се манифестира како висцерална и кожна форма. Заболувањето го пренесува вектор, песочна мушичка од родот Phlebotomus. Лајшманиозата е зооноза, болест која првенствено ги напаѓа животните а во нашиов регион резервоар на болеста се кучињата скитници. На луѓето од животните, преку убод ја пренесуваат таканаречените Песочни мушички. Климатските промени, во смисол на зголемени температури, врнежи и влажност погодуваат на почеста застапеност на болеста.

Во периодот од 2007-2018 година, регистрирани се вкупно 102 заболени и 3 смртни случаи. Најголем број заболени во овој период се пријавени во 2013 година (н=20).

Епидемиологија и клиничка слика на Зика Вирусната инфекција:

Пред самиот крај на 2015 год. CDC (Центарот за контрола на болести – Атланта) и ECDC (Европскиот центар за превенција и контрола од Стокхолм), информираат за зголемен број на случаи на новородени со  Mycrocephalya и вродени аномалии на централниот нервен систем, за кои се предпоставува дека се асоцирани со ЗИКА-вирусната инфекција во повеќе земји од Јужна Америка и Карибскиот басен каде инфекцијата се јавува епидемиски.

На почетокот на месец Јануари 2016 год. регистриран е и првиот случај на ЗИКА-вирусна инфекција во Тексас во САД. Во изминатиов период ЗИКА-вирусната инфекција се шири во побеќе држави во САД, но и на Европскиот континент како изолирани инпортирани случаи на Зика кај лица кои престојувале во регионот на Јужна Америка.

mosquito-647686

Причинител на ЗИКА-вирусната инфекција е РНК Вирус(ЗИКА-вирус) кој го пренесуваат комарците од родот Aedes (најчесто Aedes Aegypti и Aedes Albopictus ), врста на комарци кои пренесуваат и други заболувања како Денга и Цикунгунија. Овие видови се потврдени и во нашето опкружување, во пограничните делови во Бугарија и Грција.

Примарно ЗИКА-вирусот се пренесува преку убод од комарец од видот Aedes Aegypti и Aedes Albopictus, кој вирусот го стекнал со убод на човек-носител на вирусот. Фетален пренос од мајка на дете како и присуство на вирусната РНК во абортиран патолошки матерјал е докажан, иако не може да се потврди како причина за абортус. Пренесувањето на ЗИКА-вирусот преку доењето и по сексуален пат  е тема на научни истражувања и потврдување.

Во научните кругови присутна е причинско-последична врска помеѓу Зика-вирусот и појавата на некои невролошки и невролошко-развојни нарушувања и конгенитални аномалии (Microcephalya),  кај новородени чии мајки биле инфицирани со ЗИКА-вирусот во текот на бременоста.

– заболувањето поминува асимптоматски во 80% од случаите(секој пети инфициран со вирусот се разболува). По кратката инкубација од неколу дена до една недела,  болеста најчесто се манифестира со лесна клиничка симптоматологија која поминува за 7 до 14 дена. Најчести симптоми се: зголемена температура, исип и конјуктивитис, мускулно – зглобна болка, главоболка и сл.

Светската здравствена организација (СЗО), со оглед на брзото и епидемијско ширење на ЗИКА вирусот прогласи меѓународна глобална здавствена закана (Public Health Emergency of International Concern), со што ЗИКА инфекцијата е ставена во иста категорија со Еболата и Свинскиот грип.

Сето ова ја налага потребата од континуитет во спроведувањето на превентивни мерки за контрола и спречување на појава и ширење на вектор-преносливи болести во регионот. Во континуитет од 2006 година па до денес, отсекот за ДДД при ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола е вклучен во изработката на акциони планови и програми кои се доставуваат до локалните самоуправи а врз база на кои се реализират овие превентивни програми за заштита на населението од вектор преносливи болести, во смисол на спроведување на ларвицидна и адултицидна дезинсекција на општините во регионот.

Изготвил:

Прим.Др.Тони Коњановски, спец.епидемиолог