ИМУНИЗАЦИЈА ПО ЕПИДЕМИОЛОШКИ ИНДИКАЦИИ 
Имунизација по епидемиолошки индикации се врши согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Програмата за имунизација.
Се даваат вакцини против следните заразни заболувања: хепатит Б, стомачен тифус, епидемичен менингитис, колера и грип.
Некои од вакцините се задолжителни за одредени категории на луѓе, заради карактерот на нивната работа, или заради патување во странство, додека некои вакцини можат да се применат и по барање на пациентите.
Вакцината против грип се дава секоја година во почетокот на ноември месец и се препорачува за одредени категории на луѓе, кои боледуваат од хронични  незаразни заболувања или кај одредени категории, кои во текот на секојдневната работа доаѓаат во контакт со многу луѓе.
Оваа вакцина не е задолжителна  и се аплицира по барање на пациентите.
Medical vaccine

 
     

 

 
Creat