Следејки ги тенденциите во процесите на стандардизција на глобално ниво, а поагајки од  улогата на ЦЈЗ во организацијата и квалитетот на здравствената заштита на регионот на кој делува, менаџерскиот тим на ЦЈЗ Битола донесе одлука за отпочнување процесите на стандардизација и акредитација. Така установата во 2008 година се стекна со стандардот ISO 9001:2000 за управување со квалитет и акредитација ISO/IEC 17025 за квалитет во лабораториите за санитарна микробиологија и санитарна хемија со токсикологија
На ден 13.03.2009 год комисијата за акредитација на лаборатории од Институт за акредитација на Р.Македонија, изврши завршна проверка во однос на имплементација на ISO/IEC 17025 стандардот за лабораториско работење (применета методологија на анализи).
 
       Комисијата констатира потполно исполнување на стандардите, при што издаде сертификат за имплементација на споменатите стандарди, што секако само ќе ја потврди професионалноста и квалитетот на анализите кои се извршуваат во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола.

 

Akreditacija2009

Akreditacija2017

 

Опсегот на акредитација е објавен на веб страната на Институтот за акредитација на Р. Македонија под број ЛТ-013 или на следниот  линк